Top Sport

Пеле: Мислам дека јас сум најдобриот играч на сите времиња!

Легендарниот бразилски фудбалер, Пеле смета дека токму тој е најдобриот играч на сите времиња. Причина за тоа, барем според неговото кажување, е што останатите фудбалери ги споредуваат со него.

Пеле со селекцијата на Бразил освои 3 Светски првенства, а постигна и 77 гола во националниот дрес.

„Најдобриот играч на сите времиња? Тоа е тешко прашање. Можете да кажете Зико, Роналдињо, Роналдо, од Европа Бекенбауер и Кројф. Сепак се уште мислам дека Пеле е најдобриот. Сите ги споредуваат со мене“ – рече Пеле.

Легендарниот Бразилец во кариерата играше за два клуба – Сантос и Њујорк Космос.

За најдобар играч на денешницата го смета Кристијано Роналдо.

„Сметам дека Роналдо е моментно најдобриот. Меѓутоа, не треба да се заборави на Меси“ – рече тој.
Пеле од МОК е прогласен за еден од петте најголеми спортисти на 20. век, покрај Карл Луис, Мохамед Али, Мајкл Џордан и Марк Шпиц.

Scroll to Top