Top Sport

Пеп и Чави со „благослов“ за нов тренер во Барса: Тој е еден од најдобрите!

Аргентинските медиуми вчера пишуваа дека започнати се преговори меѓу Управата на Барселона и 43-годишниот тренер на Ривер Плата, Марсело Гаљардо за премин на тренерот на „Ноу Камп“. Гаљардо за 5 години стана најтрофејниот тренер на аргентинскиот гигант.

Гаљардо кој своевреено беше играч во средината на теренот стана легенда на Ривер Плата и Монако, а освен со овие клубови, трофеи освојуваше и со ПСЖ, ДЦ Јунајред и уругвајски Национал.

Со само 35 години стана тренер на уругвајскиот клуб и веќе во првата сезона го освои шампионатот.

Пролетта 2014 стана тренер на Ривер и до сега со клубот освои два аргентински Купа, две Копа Либертаторес титули, трипати триумфираше во Рекопа Судамерикана. Со Ровер собра вкупно 10 трофеи.

Приказната дека Гаљардо би можел да го смени Ернесто Валверде од клупата на Барса очигледно има подлога затоа што со коментар се јавија прославените асови на Каталонците, Пеп Гвардиола и Чави Ернандес.

„Се сеќавам од играчките денови. Мораше многу да размислува затоа што не беше физички јак и тоа го правеше сјајн. Го сметам Гаљардо за интелигентен тип кој сака да игра фудбал како што сакаме ние во Барселона. Се работи за роден победник, осуден на трофеи“ – вели за него Чави.

Со пофалби за Аргентинецот е и Гвардиола.

„Неверојатно е како тој кој е еден од најдобрите тренери во светот се уште не е номиниран за таа награда“ рече Пеп Гвардиола.

Scroll to Top