Хрватскиот фудбалер, Иван Перишиќ денеска беше на лекарски прегледи во Минхен, во тимот на Баерн. Тој е новото засилување за Баварците откако пропадна можноста четата на Нико Ковач да се засили со играчот на Манчестер Сити, Лирој Сане.
Медиумите во Германија пишуваат дека Хрватот успешно ги завршил прегледите и добил зелено светло за комплетирање на трансферот.
Информациите се дека Баерн ќе го ангажира Перишиќ со едногодишна позајмица за 5 милиони евра, а доколку ги задоволи вкусовите на челниците на тимот, следното лето неговиот договор со Интер ќе биде откупен за дополнителни 20 милиони евра.
Перишиќ веќе има настапувано во Бундеслигата. Претходно тој беше дел од екипите на Борусија Дортмунд и Волфсбург.