Top Sport

Перишиќ на крстопат, Интер не го сака, а за него „се лактаат“ Атлетико и Јунајтед

Веќе долг период се зборува за заминувањето на хрватскиот фудбалски репрезентативец, Иван Перишиќ од редовите на Интер, но сега се појавија и имињата на најсериозните кандидати за неговите услуги.

Медиумите на „Чизмата“ информираат дека мадридски Атлетико и Манчестер Јунајтед покажуваат голем интерес за Хрватот. Јунајтед, додека на кормилото на тимот беше Мурињо, со месеци се трудеше да го донесе Перишиќ и го наговараа Интер да ја намали откупната клаузула која тогаш изнесуваше околу 45 милиони евра.

Сега, кога цената на фудбалерот драстично падна, поради лошата сезона на офанзивецот на Нероазурите, се очекува дека Интер би се ослободил од неговите услуги за околку 25 милиони евра.

Дали тимот на Диего Симеоне ќе ги замрси сметките на Јунајтед или Перишиќ ќе биде првиот хрватски фудбалер кој ќе биде домаќин на „Олд Трафорд“ се очекува да се расчисти наскоро.

Scroll to Top