Top Sport

Пипен: Кој се влезе во Куќата на славните, шокиран сум што го нема Кукоч!

Кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд кон крајот на 2018 година го изнесе новиот попис на кандидати за 2019 година, а на него се најде и името на екс-кошаркарот на Чикаго Булс, Хрватот Тони Кукоч.

Тој и минатата година беше номиниран, но во Куќата влезе неговиот соиграч од Југопластика, Хрватот, Дино Раѓа.

Соиграчот на Кукоч од славните денови на „биковите“, Скоти Пипен е зачуден што досега неговиот соиграч не се најде во реномираното друштво.

„Дефинитивно сметам дека тоа го заслужува. Тој беше важен дел од нашата екипа. Погледнете денеска, сите имаат големи тројки, Тони кај нас бее дел од таа сложувалка. Беше продуктивен и неговите заслуги во нашиот успех се големи“ – изјави Пипен за „Chicago Tribune“.

Тој вели дека некои работи поврзани со Куќата на славните го шокираат.

„Гледам како влегуваат типови од кои Тони Кукоч и уште еден мој соиграч од Чикаго, Рон Харпер имаа далеку подобри кариери. Мислам дека не добиваат доволно признание иако играа со Џордан и со мене, но тие луѓе се победници“ смета Пипен.

Scroll to Top