Top Sport

Пјонтек стави потпис тежок 27 милиони евра со Херта Берлин (фото)

Полскиот напаѓач, Кшиштоф Пјонтек„црвено-црниот“ дрес во Милан го замени со „сино-белиот“ на бундеслигашот Херта Берлин.

На претпоследниот ден од јануарскиот преоден рок Полјакот за 27 милиони евра стави потпис на четири ипол годишен перманентен договор со екипата предводена од легендата на германскиот фудбал, Јирген Клинсман.

Од Херта потврдија дека Пјонтек кој има полусезона за заборав во Милано веднаш ќе им се приклучи на соиграчите,
Пјонтек пред да потпише за Херта за Милан одигра 41 меч на кој постигна вкупно 16 гола.

Scroll to Top