Top Sport

По поразот од Сасуоло, Луиџи ди Бјаџо е нов тренер на СПАЛ

Февруари по се изгледа е црн месец за тренерите во Серија А.

Пред неколку дена тренерот на Торино, Валтер Мацари заработи отказ. Веднаш потоа Еугенио Корини по вторпат сезонава доби отказ во Бреша, а последен во низата е тренерот на СПАЛ, Леонардо Симличи кој денеска доби отказ по поразот на неговата екипа од СПАЛ.

Денешниот беше осми пораз за Симпличи во последните 10 меча, и јасно беше дека е време за промена иако тренерот екипата ја донесе до Серија А од Серија Ц.

На негово место доаѓа екс-италијанскиот репрезентативец, Луиџи ди Бјаџо кој најверојатно ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција истиот да биде продолжен доколку избори опстанок со екипата.

СПАЛ моментно е последнопласирана екипа во Серија А, со 15 бода, дури 7 помалку од Лече кој е во безбедна зона.

Scroll to Top