Top Sport

Победи за двете Борусии, голеада во Фрајбург, Мајнц го закова Нирнберг на дното (видео)

Ефикасна сабота во Бундес лигата, на распоред е 19. коло.

Лидерот во првенството, Борусија Дортмунд на домашен терен му испорача „петарда“ на тимот на Хановер, крајниот резултат гласеше 5-1 за „Милионерите“.

Серијата голови во првото полувреме ја отвори Хакими, во 24 минута. Борусија доминантната игра со втор погодок ја круниса во 60 минута преку Марко Ројс, а само 2 минути потоа во листата на стрелци се запиша и Марио Геце з 3-0. Гуереро стрелаше прецизно за 4-0 во 67 минута.

Почесен погодок за гостите постигна Бакалорз во 86 минута, а голеадата во Дортмунд ја затвори Витсел во 90 минута.
Баер Леверкузен немаше никакви проблеми кај Волфсбург, убедлива победа со резултат 0-3. Стрелци на головите за „фармацевтите“ беа Хавертц (45), Ноланд (62)и Бранд (88 минута).

На Останатите натпревари во пладневниот саботен термин беа постигнати следните резултати:

Бундес лига 19 коло:
Борусија Менхенгладбах – Аугсбург 2-0
Фрајбург – Хофенхајм 2-4
Мајнц – Нирнберг 2-1
Вердер Бремен – Ајнтрахт (Ф) од 18.30 часот
Вчера – Херта – Шалке 2-2

Scroll to Top