Top Sport

Почнува Австралија Опен, на првиот ден на терените Шарапова, Надал, Федерер…

Првиот ден од натпреварите во главната жрепка за Австралија Опен почнува во 11 часот по локално, односно 1 часот по средноевропско време.

На главниот терен, на полуларната „Род Лејвер“ арена денот го отвараат Русинката Марија Шарапова и Британката Хериет Дарт. Потоа следува дуелот на Рафел Надал и домашниот тенисер, Џејмс Дакворт.

Во вечерниот термин во Австралија, кој по наше време започнува во 08 часот во понеделник наутро ја стартува одбраната на титулата Каролин Вознијацки против Белгијката, Алисон Ван Ујтванк. Денот на најпопуларната арена го затвара легендарниот Швајцарец, Роџер Федерер кој ќе се судри со Денис Истомин.

Од останатите големи имиња на светскиот тенис во првиот ден на Австралија Опен ќе се појават Слоун Стивенс, Јелена Остапенко, Петра Квитова, Марин Чилиќ, Кевин Андерсон, Томаш Бердих, Енди Мареј.

На вториот ден на Австралија Опен 2019 ќе го гледаме првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, но и Серена Вилијамс, Симона Халеп, Александар Зверев и многу други.

Наградниот фонд изнесува 62.5 милиони долари. Освојувачот на титулата во машка конкуренција ќе добие 4.1 милиони долари, додека финалистот ќе си оди со награда од 2.05 милиони долари.

Scroll to Top