Top Sport

Подолски се враќа дома – во Горник Забрже?

Германскиот фудбалски интернационалец, Лукас Подолски (34) се чини дека нема да има подобра шанса да си ги исполни детските соништа, да заигра за клубот за кој навише во младоста – полски Горник Забрже.

Свесни за тоа се и челниците на клубот, па се обиделе да го наговорат Подолски веќе во јануари да потпише договор со клубот.

Полските медиуми информираат дека јапонски Висел Кобе, чиј член е Подолски, нема намера да му го продолжи договорот кој истекува на последниот ден од 2019 година.

Фудбалерот изрази желба да се врати во Европа по две години поминати во Јапонија.

Неколкупати досега, светскиот шампион со „панцирите“ од 2014 година изјавува дека му е желба во Забрже да ја заврши кариерата, место кое е во непосредна близина на местото каде е роден.

„Никогаш нема да речам категорично не, но на сите им е јасно дека многу фактори мора да се поклопат за да дојде до мој ангажман во Горник“ – изјави Подолски минатата година.

Полските медиуми известуваат дека тој е многу приврзан за својата прва татковина, па често оди во посета на семејството. Голгетерот планира во Полска да го прошири и својот бизнис – угостителството. Тој поседува неколку ресторани и пабови во Келн, клубот во кој се здоби со светска слава.

Scroll to Top