Top Sport

Погба е повреден, нови главоболки за Солскјер

Во третото коло од Лигата на Европа, во меч од групната фаза белградски Партизан на својот стадион се очекува да го пречека големото име на светскиот фудбал, Манчестер Јунајтед.

Популарните „гробари“ со нетрпение го очекуваат овој меч, на кој познато е дека Јунајтед нема да биде во најсилниот состав.

На повреда се пожалил францускиот репрезентативец, Пол Погба, а неговата пауза се очекува да трае околу 3 недели.

Погба ќе го пропушти и мечот на својата селекција против Турција, но и два важни дуели во Премиерлигата, со Њукасл, и дербито со шампионот на Европа, Ливерпул.

Французинот го повреди стапалото на дуелот со Арсенал. Неговиот тренер Оле Гунар Солскјер има доста проблеми со повредени играчи. Надвор од строј се Ерик Бајл, Лук Шо, Арон Ван-Бисака, Фил Донс и Ентони Марсијал.

Scroll to Top