Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Французинот Пол Погба признава дека не му е драго што Ливерпул е толку доминантен сезонава во Премиерлигата. По 27 кола, „црвените“ се убедливо први на табелата со 79 бодови, дури 22 повеќе од второпласираниот Манчестер Сити и само прашање на време кога математички ќе ја обезбедат титулата.
Ливерпул е на добар пат сезоната да ја заврши без пораз и така да го повторат рекордот на Арсенал.
Овие резултати не го радуваат Погба.
„Како играч на Јунајтед и поради ривалството меѓу двата клуба, не сакам да ја освојат титулата, но го почитувам противникот и морам да кажам дека Ливерпул ја заслужува позицијата на која е денес. Оваа сезона се уште подобри од претходната кога ја освоија ЛШ“ – изјави Погба за „ЕСПН“.
„Црвените“ од „Енфилд“ сезонава имаат 26 победи и едно реми, а нерешено одиграа токму против Јунајтед, есеноска на „Олд Трафорд“.