Пласманот во полуфиналето во Лигата на шампиони толку многу ги воодушеви челниците на Тотенхем, па решија да го „одврзат ќесето“ за летниот преоден рок. Цела година Спарси не донесоа ниедно засилувања, а тренерот Покетино го „крпеше“ составот со играчите кои му беа на располагање.
„Дејли мејл“ пласираше информација дека ова лето стратегот на лондонскиот клуб ќе има на располагање 150 милиони фунти за купување нови играчи. Наводно 60 милиони веќе се обезбедени, а остатокот би требало да се инкасира од продажбата на играчи.
Аргентинецот Покетино бара пет засилувања за наредната сезона, лев бек, двајца централни играчи во средината на теренот, еден офанзивен играч за врска и резервен напаѓач. Не е тајна дека Србинот Александар Митровиќ е на мета на Тотенхем, а проценката е дека би можело Фулам да го продаде за 20 милиони фунти.
Најблизу до излезната врата од клубот е Кристијан Ериксен кој се порзува со Реал Мадрид, а неговата цена е 75 милиони фунти. Тотенхем тешко дека ќе го задржи и Тоби Алдервирелд чија цена е околу 25 милиони фунти.
Англичаните тврдат дека клубот би можеле да го напуштат и Киеран Трипие, Дени Роуз и Виктор Ванјама.