Британската полиција го истражува нападот на автобусот, во кој се наѓаше експедицијата на Манчестер сити, пред синоќешниот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.
Навивачи на Ливерпул фрлаа со флаши, чадни бомби и метални предмети, по автобусот во близина на стадионот на Ливерпул.
Автобусот е оштеттен, во дивеењето на навивачите, а за среќа никој од кепсдицијата на Манчестер сити не е повреден.
Со полесни повреди се здобиле двајца полицајци кои на мотори го обезбедувале автобусот.
„Такво однесување е неприфатливо и целосно неочекувано. Вистина е дека јас сум нов на Островот, но не верував дека вакво нешто може да се случи во Ливерпул. Сепак сметам дека клубот Ливерпул не е виновен. Тоа е дело на хулигани“, рекол менаџерот на Манчестер сити, Пап Гвардиола.
Инаку, првот четврт-финален меч во Лигата на шампионите, помеѓу Ливерпул и Манчестер сити заврши со убедлива понеда на домаќнот од 3:0. Реваншот во манчестер ќе се одигра на 10 април.
фото: EPA