Се потсетуваме на лудориите на Камерунецот, Леонард Квеуке, како доказ дека имало и полош пример на недисциплина и непочитување од голманот на Челзи, Кепа Аризабалага за кого зборува фудбалската јавност по одбивањето да излезе од игра на финалето на Карабао клубот меѓу Челси и Сити.
Антијунакот на кој се потсетува фудбалската јавност беше напаѓач на туркиот прволигаш Ризеспор во сезоната 2015/2016.
Ос Спарта Прага дошол со репутација на голгетер, но потегот кој го направил на гостувањето кај Генчербирлиги во 2015 година сеуште се раскажува.
На три минути пред крајот Генчербирлиги водел со 2-1, по што бил досуден пенал за Ризеспор. Според договорот, пеналите во тимот требало да ги изведува Каја Серкан, но Квеуке ја грабнал топката, па со низа псовки ги истерал сите кои му замериле дека го крши договорот.
Тренерот на Ризе, Хикмет Караман на аут-линијата лудувал за однесувањто на неговиот играч (слично како и Сари во неделата), па помошниот судија го спречил да не влезе во терен и да се пресмета со напаѓачот.
Сепак Квауке победил. Го шутнал пеналот и погодил за 2-2. Но тоа не е се. Тој потоа почнал да го навредува неговиот тренер со зборовите „од е.и“, па тргнал кон клупата да се пресмета со Караман. Тренерот кон него фрлал со шише, но останатите фудбалери спречиле поголем инцидент.
Натпреварот продолжил, па да биде иронијата поголема, Квеуке во 92 минута дава гол за три бода за Ризеспор. Овој гол го прославил со навивачите на една од трибините.
Леонард Квеуке, напаѓач кој на 277 клупски натпревари постигнал 114 гола, а за Камерун на 22 меча двапати бил стрелец сега има 31 година и се уште нема клуб.