На денешен ден, во 2000 година легендарниот НБА- кошаркар, Винс Картер го изведе спектакуларното забивање преку играчот на Франција, Федерик Вајс.
Познатиот потег наречен „забивање на смртта“ Картер го изведе на Олимписките игри во Сиднеј, на мечот меѓу САД и Франција.
Картер кој е висок 1.98 метри го прескокна противникот кој е повисок од него цели 20 сантиметри и го заби баскетот во обрачот.
„Картер заслужи да испише историја, за жал по мене и јас бев дел од тоа виео. Тогаш научив дека луѓето можат да летаат“ – изјави по мечот Вајс.
Секогаш кога се расправа за тоа кое е најдоброто забивање, потегот на Картер секогаш е при врвот.
Погледнете: