Откако лесно ги загубија првите два сета, македонската одбојкарска репрезентација стартуваше со пораз на Европското првенство во Финска, со пораз од домаќинот од 3:1 (25:20, 25:15, 24:26, 25:22).
По водството од 10:6 на стартот на првиот сет, Финска се врати за да го освои првиот сет и потоа да одигра уште подоминантно во вториот за 2:0 во сетови. Тимот на селекторот Николиќ, тогаш се „разбуди“ во одличниот трет сет, во кој прво спасија сет топка (24:23), а потоа намалија на 2:1. Но, во четвртиот сет едноставно немаше сили и концентрација за во финишот, Финците да ја осигураат победат со 25:22.
Ѓорѓиев со 19 и Љафтов со 18 беа најефикасни во нашиот тим, додека за Финците, Сивула оствари дури 25 поени.
Фото: ЦЕВ