Top Sport

Пораз од Финска на стартот на Европското првенство

Откако лесно ги загубија првите два сета, македонската одбојкарска репрезентација стартуваше со пораз на Европското првенство во Финска, со пораз од домаќинот од 3:1 (25:20, 25:15, 24:26, 25:22).

По водството од 10:6 на стартот на првиот сет, Финска се врати за да го освои првиот сет и потоа да одигра уште подоминантно во вториот за 2:0 во сетови. Тимот на селекторот Николиќ, тогаш се „разбуди“ во одличниот трет сет, во кој прво спасија сет топка (24:23), а потоа намалија на 2:1. Но, во четвртиот сет едноставно немаше сили и концентрација за во финишот, Финците да ја осигураат победат со 25:22.

Ѓорѓиев со 19 и Љафтов со 18 беа најефикасни во нашиот тим, додека за Финците, Сивула оствари  дури 25 поени.

Фото: ЦЕВ

Scroll to Top