Португалскиот играч од средниот ред, Бруно Фернандеш, член на Спотинг Лисабон е на чекор до трансфер во тимот на Манчестер Јунајтед.
Медиумите во Португалија пишуваат дека претседателот на „лавовите“ од Лисабон отпатувал во Манчестер и се договара со челниците на „црвените ѓаволи“ за да најдат заеднички јазик.
Информациите се дека цената на Фернандеш е 78 милиони евра со што тој би станал третото најскапо засилување за тимот од „Олд Трафорд“. Португалецот би бил веднаш зад Погба и Лукаку, кои се на излезна врата во Јунајтед.
„Во преговори сме со Јунајтед, тоа би била најисплатливата работа во историјата на клубот“ – рече Федерико Варандас, претседател на Спортинг.
Фернандеш е репрезентативец на Португалија и минатата сезона за Спортинг ја заврши со учинок од 31 гол и 18 асистенции што го прави најубоит играч од средниот ред во цела Европа.