Top Sport

Португалецот Рафаел Леао од Лил оди во Милан за 35 милиони евра

Тимот на Милан го потврди ангажманот на португалскиот фудбалер Рафаел Леао (20) од француски Лил. Младиот фудбалер кај Росонерите доаѓа за отштета од 35 милиони евра за петгодишна верност.

„Милан е задоволен што може да соопшти дека постигна договор со Лил за ангажман на Рафаел Леао. Напаѓачот стави потпис на петгодишен договор“ – известија од клубот.

Францускиот клуб заработи многу од трансферот затоа што пред 1 година истиот игра во клубот во Франција пристигна без пари.

Леао беше еден од играчите на Спортинг Лисабон кои го раскинаа договорот по инцидентот во тренинг комплексот кога фанови физички нападнаа неколкумина фудбалери.

Scroll to Top