Top Sport

Постигнат е голот на сезоната во МЛС, но стрелецот не е Ибрахимовиќ (видео)

Торонто синоќа на свој терен убедливо славеше против Њујорк со 4-0 во американската МЛС лига. Сепак крајниот резултат е во втор план откако беше постигнат преубав погодок, кој конкурира за гол на сезоната.

Шпанскиот интернационалец, Алехандро Поцуело синоќа беше двоен стрелец, но вториот лоб удар беше ремек дело.

Интересно е што синоќешниот меч беше дебитантски за Поцуело откако пред половина месец пристигна од редовите на белгиски Генк.

Погледнете ја мајсторијата:

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');