Чуден тек добива шпанската Ла лига. Пред само неколку дена, екипата на Селта Виго имаше стопроцентна шанса во 94 минута да ја порази на својот стадион големата Барселона, но Нолито се сплетка и Барса е радосна што освои барем бод во Виго, мечот заврши 2-2.
Истата екипа што беше рамо до рамо со Барса, вечерва доби „петарда“ од Мајорка на нашиот репрезентативец, Александар Трајковски (тој влезе во игра во 83 минута кога веќе беше поставен конечниот резултат).
Мајорка во борбата за опстанок ја совлада Селта со 5-1.
Будимир од пенал во 13 минута донесе водство од 1-0 за домашните.
Веќе во 27 минута Чучо прецизно стрела за 2-0.
До крајот на првото полувреме, во 40 минута Позо сголемува на убедливи 3-0.
Во вториот дел, во 50 минута Јаго Аспас од пенал намалува на 3-1.
Па следува нов погодок за домашните. Стрелец повторно Будимир во 52 минута.
Стрелец на последниот петти гол за конечни 5-1 беше Севиља во 60 минута.
Интересно е што гостите од Виго имаа двојно поголем посед на топката и упатија повеќе директни удари кон голот на Мајорка, но домаќините се тие кои се радуваат на убедлив триумф.
По денешниот меч, Мајорка е на 5 бода заостанување зад Селта која е прва на линијата што означува понизок ранг во Шпанија.