Интересно отворање имаше оваа сезона во Премиерлигата преточена во мечот меѓу европскиот шампион и англиски вицешампион, Ливерпул и повратникот во елитата, екипата на Норич. Ливерпул, според очекувањата, покажа класа и со убедливи 4-1 славеше во мечот.
Првиот гол сезонава во Премиерлигата всушност е автогол, на дефанзивецот на „канаринците“,Грент Хенли. Тоа се случи во 7 минута.
Веќе во 19 минута беше 2-0 за фаворитот. Мохамед Салах погоди десно откосо за убава предност.
„Црвените“ тука не застанаа. Веќе во 28. минута беше 3-0. Во листата на стрелците се запиша одбранбениот фудбалер, Вирџил ван Дајк.
Сепак не беше се така идеално за тимот на Јирген Клоп. По една несреќна интервенција во 36 минута се повреди голманот на Ливерпул, Бразилецот Алисон. На негово место влезе Адриан.
До истекот на првите 45 минути „црвените“ од „Енфилд“ стигнаа и до убедливи 4-0. Стрелец на четвртиот погодок беше Дивок Ориги.
Во второто полувреме домашната екипа го намали темпото, а готите единствено што успеаја да направат е да се изборат за почесен погодок во воведното коло. Стрелец во 64 минута беше Тимо Пуки за конечни 4-1.