Top Sport

Пресврт или шпекулација: Де Лихт оди во Јувентус!?

По морето од шпекулации и информации за новата средина во која ќе оди холандскиот дефанзивец, Матијс де Лихт, сега холандските медиуми пласираат вест дека торински Јувентус е најблиску до потписот на стоперот на Ајакс.

Холандскиот „Де Телеграф“ пишува дека Де Лихт ги одби Барселона и ПСЖ и одлучи наредните 5 години да ги помине кај „Старата дама“.

Информациите се дека е договорена годишна плата меѓу 15 и 20 милиони евра по сезона. За споредба, првата ѕвезда на Јуве, Кристијано Роналдо има годишна плата од 30 милиони евра.

Италијанските медиуми пишуваат дека Јуве се решил на ваков чекор затоа што Адриен Рабио ќе му се приклучи на Јувентус како слободен играч, а парите наменети за доведување на Погба во Торино, челниците на италијанскиот шампион решиле да ги инвестираат во холандскиот дефанзивец.

Scroll to Top