Тажен пораз за скопскиот репрезент во ракометната Лига на шампиони, тимот на Металург.
Вицепрвакот на Македонија загуби предмалку од турски Бешикташ во рамки на осмото коло од групата Ц со резултат 23:22, иако во последните 12 секунди имаше напад за реми. Последниот, 23-ти гол за домашниот тим го постигна македонскиот ракометен репрезентативец, Немања Прибак. Тоа беше негов единствен гол на мечот во кој Бешикташ стигна до победата благодарение на одличниот голман.
Чуварот на мрежата на турскиот тим, Керим Хендави запиша 21 одбрана, од кои дури 5 пенали. Тој претставуваше енигма за мадиот тим на Металург кој на ова гостување заслужи со борбеност да стигне барем до нерешен резултат. Кај Металург најефикасни беа Токиќ и Танкоски со по 5 погодоци, а кај Бешикташ најефикасен беше Рамазан Дон со 9 постигнати гола.
Во групата Ц од ЛШ ова е седми пораз за металурзите кои се „фенерџии“ со само една победа досега, а Бешикташ по ова коло има 3 победи и 5 победи, далеку од првите две места на кои се Силкеборг и Спортинг, места кои носат разигрување за пласман.