Top Sport

Прилепска Победа ја исфрли Шкендија од Купот, две струмички екипи во полуфиналето

Прилепскиот прволигаш Победа со денешните 2-0, (вкупно со 3-0) го победи шампионот Шкендија и го елиминираше од Купот на Македонија. По гостинската изненадувачка победа на прилепчани, денеска играчите на Победа рутинирано славеа над Шкендија со двата гол на Јаник Макота.

Еден од можните ривали на Победа во полуфиналето на Купот е тимот на Македонија Ѓорче Петров кој изненадувачки го елиминираше Работнички, во двата натпревари со по 1:0.

Во полуфиналето има место и за двете струмички екипи, Академија Пандев и Беласица.

„Пандевци“ денеска со 6-1 го демолираа Кораби (славеа и на првиот дуел со 3:1), а Беласица повторно со 2-0 славеше над кратовски Силекс.

Scroll to Top