Top Sport

Проклетството продолжува, Рамзи погоди за Арсенал, денеска почина фронтменот на „Продиџи“ (фото)

Велшкиот фудбалски репрезентативец, член на лондонски Арсенал, Арон Рамзи го следи некое чудно проклетство. Речиси секогаш кога тој ќе постигне гол, кратко потоа ќе почине некоја славна личност, позната во поголемиот дел од светот.

„Топчијата“ Рамзи прецизно стрелаше во саботата во мрежата на Тотенхем, а денеска почина Кејт Флинт (49), фронтмен на британска група „Продиџи“.

Ваквиот чуден развој на настаните првпат беше регистриран во 2011 година кога почина Осама бин Ладен. Потоа по секој постигнат гол на велшкиот фудбалер завршија животите на Стив Џобс, Муамер Гадафи, Витни Хјустон, Паул Волкер, Робин Вилијамс, Алан Рикман и Дејвид Боуви.

Од следната сезона Рамзи се сели во Италија, во дресот на Јувентус. Останува енигма дали истото проклетство ќе продолжи и откако Рамзи ќе го облече „црно-белиот“ дрес.

Scroll to Top