Top Sport

Првенецот на Азар за Реал донесе победа на контролата против Салцбург (видео)

Белгиското засилување за Реал Мадрид, Еден Азар попладнево го постигна дебитантскиот погодок за кралскиот клуб на контролната пресметка против Ред Бул Салцбург.

Реал со голот на Белгиецот од дваесетина метри, при што го матираше голманот на австрискиот тим, забележа победа од 1-0. Единствениот гол беше постигнат во 19 минута од мечот, а до крајот двајцата тренери направија повеќе измени за да ги воиграат тимовите.

Токму стрелецот Азар беше заменет во 62 минута, а на негово место влезе залечениот од повредата на зглобот, српскиот интернационалец Лука Јовиќ.
https://youtube.com/watch?v=PkCTXDTvzcI

Scroll to Top