Францускиот фудбалски шампион ПСЖ се обидува да ги помати сметките на Барселона кога се работи за капитенот на Ајакс, Матијс де Лихт.
Како што пишува холандски „Де Телеграф“, Французите за младиот дефанзивец нудат 85 милиони евра. Наводно, од ПСЖ се разочарани што Барса зимоска им го „украде“ играчот на Ајакс, Френки де Јонг, па сега сакаат да им се реваншираат.
За Де Лихт заинтересиран беше и Манчестер Јунајтед, но стоперот на холандскиот клуб рече дека не сака да оди во Манчестер. Тој инсистира да се пресели на „Ноу Камп“.
Парискиот клуб има надеж дека ќе излезе како победник во целата ситуација затоа што нуди 15 милиони повеќе од Каталонците.