Top Sport

Ракометен нокаут на СП, голманот на Норвешка си ги броеше забите (видео)

Норвешкиот ракометен голман Еспен Кристенсен (33) доживеа класичен нокаут, со топка в лице.

На натпреварот на СП во Германија и Данска, на мечот Норвешка – Саудиска Арабија (Норвешка победи убедливо 40-21), во 33 минута при резултат 22-11 во контра беа Саудијците, а кога нивниот ракометар излезе очи в очи со голманот на Норвежаните шутираше силно, право во лицето на чуварот на мрежата.

Втрчаа во терен лекарите, дел од ракометарите, а несреќниот голман кој забележа нова интервенција почна да си ги брои забите, дали се сите на број.

Погледнете ја целата ситуација:

Scroll to Top