Top Sport

Ракометна бомба во Подгорица – Андреа Лекиќ се сели во Будуќност

Поранешната ракометарка на Вардар, Србинката Андреа Лекиќ потпиша двегодишен договор со Будуќност од Подгорица. Лекиќ во главниот град на Црна Гора се сели од редовите на ЦСМ Букурешт каде игра од 2018 година.

Лекиќ во 2013 година освои сребро со селекцијата на Србија, а истата година беше прогласена за најдобра ракометарка во светот.

Меѓународното искуство освен во Романија и во Македонија, го стекнуваше и во Словенија и Унгарија, беше дел и од Крим, односно од Ѓер.

Со Ѓер во 2013 ја освои Лигата на шампиони, нешто што не и успеа со Вардар.

Црногорскиот претставник во ЛШ во втората фаза моментно е на третата позиција со 5 пода помалку во однос на Ѓер, односно Брест, а 2 бода повеќе од романска Валчеа и словенечки Крим. До крајот на групната фаза има уште 4 кола.

Scroll to Top