Top Sport

Ракометната бомбардерка ја заврши играчката кариера

Поради пандемијата на коронавирусот се откажа завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони во женска конкуренција.

Поради тоа, една од најдобрите светски ракометарки, Катарина Булатовиќ одлучи да ја заврши својата играчка кариера. Таа четирипати ја освојуваше Лигата на шампиони, европската шампионка е со селекцијата на Црна Гора, а во својот посед има и сребро од ОИ во 2012 година, во Лондон.

Булатовиќ која е родена во Крагуевац пред 36 години светската слава ја стекна во дресот на Будуќност од Подгорица. За овој клуб настапуваше во два наврати, од 2008 до 2012 и од 2014 до 2020 година.

Две години настапуваше за селекцијата на Србија, а во 2008 година реши да се приклучи на ракометната репрезентација на Црна Гора со која во Белград, во 2012 година се искачи на пиедесталот. На тој шампионат Булатовиќ беше најдобар стрелец.

Scroll to Top