Top Sport

Распад систем во Монако, Фалкао си оди во Реал Мадрид?

Тимот на новиот тренер, Тиери Анри, француски Монако се повеќе и повеќе тоне на табелата во Лига 1 во Франција (Монако е претпоследен со само 7 бода на 13 меча), а тешка сезона фудбалерите од Кнежевството играат и во Лигата на шампиони (по 4 кола само 1 бод и дури 10 примени голови).

Најверојатно голгетерот Радамел Фалкао ќе биде првиот што ќе си замине од Монако, и тоа најверојатно уште во јануари.
Монако кој веќе размислува за опстанок, сака да се ослободи од играчот затоа што цената на Колумбиецот е убедливо највисока за разлика од другите фудбалери во клубот.

Угледната „Марка“ информира дека клубот веќе исконтактирал со Реал Мадрид и го понудиле играчот. Доколку се обвистини трансферот на Фалкао во Мадрид, Карим Бензема би добил екстра засилување во нападот на Реал.

Scroll to Top