Германското лево крило, Уве Генсхајмер си заминува од ПСЖ, но македонскиот селектор, Раул Гонзалес на истата позиција добива непроценлив, неуморен ракометен ветеран, Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон (39).
Крилото три сезони со успех настапуваше во германски Рајн Некар Левен, а од следната сезона ќе ги решета мрежите за клубот од Париз.
„Ова е нов чекор во мојата кариера, имам амбиција да освојувам трофеи. Чест е да се биде овде и да се игра за Париз, ова е екипа која доминира во последните 15 години. Имаат добра домашна лига со добри клубови и се едни од најдобрите во завршните турнири во ЛШ.“ – рече Сигурдсон по потпишувањето на договорот.
Сигурдсон кој очигледно нема намера да се пензионира, пред Рајн Некар настапуваше за Барселона и Кил.
La saison prochaine, Gudjon Valur #Sigurdsson épaulera @Adams_Keita et Dylan #Nahi sur l'aile gauche ! Découvrez les premiers mots de l'ailier islandais… pic.twitter.com/4UfGlNuG4A
— PSG Handball (@psghand) January 30, 2019