Top Sport

Реал дава 100 милиони евра и Модриќ за Нејмар да се пресели во Мадрид?

Реал Мадрид тргна во нов обид да го донесе Бразилецот Нејмар на „Бернабе“ кој очигледно не е среќен во Париз.

Бразилскиот ас секој преоден рок е еден од најспоменуваните играчи. На „Паркот на принцовите“ стигна од Барселона за рекордни 222 милиони евра.

Шпекулациите ова лето најчесто го враќаа во Барселона, а и Реал е во игра за да им ги помати сметките на Каталонците.

Доколку Нејмар прејде во Мадрид, навивачите на Барса „неверството“ сигурно нема да му го простат, како што беше случај со Португалецот Луис Фиго.

Шпански „Дон Балон“ пишува дека „Кралевите“ се подготвени за Нејмар да дадат 100 милиони евра и во ПСЖ да го испратат Хрватот, Лука Модриќ.

Договорот на Бразилецот со „светците“ трае уште 3 години, а Хрватот со Реал е „врзан“ уште 2 години.

Scroll to Top