Двата најголеми шпански фудбалски клубови, Реал Мадрид и Барселона сакаат иста играч, 19-годишниот фудбалер на Бенфика, Жоао Феликс, пренесува шпански „АС“.
Според информациите, крилниот напаѓач воодушевил многу големи клубови минатата година, а неодамна Бенфика за него одби понуда од 70 милини евра.
Многумина во Португалецот гледаат наследник на Кристијано Роналдо, а играчот кој е мета и на Атлетико (М), Борусија (Д) и Манчестер (Ј) најверојатно не би ја напуштил Португалија за сума пониска од 120 милиони евра.
Актуелниот договор му е до 2023 година, што значи дека Бенфика е во одлична преговарачка позиција.
Погледнете дел од талентот на Феликс: