Со шест кошаркари со двоцифрен број на поени, Реал Мадрид стигна до 91:79 победа над Макаби Тел Авив за да ја отвори годината со победа и да го подобри скорот на 13-3 зад засега недопирливиот Фенербахче.
Густаво Ајон имаше 18 поени и 9 скока, Руди Фернандез додаде 13 поени и 5 скока, за „кралскиот клуб“ да ја преземе иницијативата во второто полувреме, кога по 44:44, Серхио Љуљ постигна осум поени во шест минути за да донесе 64:50 водство за Реал.
Будуќност пак, немаше шанси да направи подвиг во Милано, откако италијанскиот клуб стигна до 111:94 победа во 16. коло. Миндаугас Кузминскас беше најдобар кај победниците со 19 поени (четири тројки), а Владимир Мицов заврши со 18 поени. Будуќност сега има 3-13 скор во деби сезоната од Евролигата.
Василије Мициќ, пак, повторно имаше одлична партија за да ги предводи Анадолу Ефес до лесна 92:77 победа над Баерн Минхен. Србинот заврши со 20 поени, 5 асистенции, 4 скока и две украдени топки за Ефес да ја забележи 10-тата победа и да остане меѓу најдобрите четири во Евролигата.
Мициќ постигна 18 поени во првото полувреме за да го предводи турскиот клуб до 55:36 водство по 20 минути игра, период во кој утна само еднаш во првите 13 минути и имаше 4/5 скор за тројки и уште четири асистенции.
ЕВРОЛИГА, 16.КОЛО
Анадолу Ефес – Баерн Минхен 92:77 (27:18, 28:18, 15:18, 22:23)
Армани Милано – Будуќност 111:94 (36:22, 20:23, 26:21, 29:28)
Реал Мадрид – Макаби Тел Авив 91:79 (21:19, 23:25, 25:18, 22:17)
Гран Канарија – Химки 70:99 (30:23, 6:27, 14:23, 20:26)