Top Sport

Реал во последната четвртина „ја здроби“ Звезда во Белград

Кошаркарите на Реал Мадрид забележаа убедлива победа во Белград, против тимот на Црвена Звезда со 75-60 во 7 коло од кошаркарката Евролига. Иако конечните +15 за „Кралевите“ делуваат дека кошаркарите на шпанската екипа лесно стигнале до триумфот, сепак во прашање е само играта во последната четвртина која го одлучи победникот.

По 3 четвртини од мечот домаќините имаа предност од 3 поени против фаворизираниот противник. Сепак во последниот период кошаркарите во „црвено-бела“ комбинација едноставно застанаа, па Реал со серија од 12-0 го сврте резултатот за на крајот преубедливи 75-60.

Серхио Љуљ со 13 и Руди Фернандез со 12 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека кај домашната екипа прва ѕвезда беше Били Берон со 17 поени.

Scroll to Top