Top Sport

Рио Фердинанд: Ковач одлично ги постави фудбалерите, Баерн одигра тактички совршено

Поранешниот англиски репрезентативец, Рио Фердинанд ја пофали тактиката на стратегот на Баерн Минхен, Нико Ковач на синоќешниот меч на Баварците на „Енфилд“ против Ливерпул во ЛШ.

„Се бранеа одлично. Секогаш играат со високо поставени бекови, но овојпат не одеа премногу напред. Знаеја каде дојдоа и дека брзата игра на Ливерпул може да биде опасна за нив. Нивниот тренер совршено ги постави фудбалерите на овој меч. Баерн дигра тактички совршен натпревар – изјави Рио Фердинанд за „БТ-спорт“.

Тој смета дека синоќа се работеше за шаховска битка.

„Мислам дека навивачите на Ливерпул треба да бидат позадоволни од Германците од овој резултат. Баерн во реваншот ќе мора да игра поотворено и ако даде гол, а мислам дека ќе даде, ќе биде во голема предност“ – вели Фердинанд.

Scroll to Top