Ракометниот клуб Вардар 1961 го доби веројатно најтешкиот ривал во квалификациите за Лига Европа. Германскиот клуб Рајн Некар Ловен ќе биде пречката за „црвено-црните“ до групите во ова европско натпреварување.
Првите натпревари се играат на 26/27 август, а реваншите се седум дена подоцна.
Во групната фаза во ова натпреварување од македонските клубови директно место обезбеди Алкалоид како вицепрвак, кој противниците ќе ги дознае во петок.