Германскиот тенисер Александер Зверев, моментно петти светски тенисер повеќе од 4 часа се бореше против 56-от на АТП листата, Австралиецот Џон Милман, но сепак успеа да го совлада со 3-2 на вториот годинешен гренд-слем, Ролан Гарос.
Зверев водеше во мечот со 2-0 во сетови, но Милман успеа да израмни на 2-2, по што следуваше решавачкиот петти сет во кој Германецот триумфираше со 6-3 за влез во следното коло во Париз.
Од поинтересните дуели на машкиот турнир што се завршени до овој момент, аргентинскиот ас Хуан Мартин дел Потро со 3-1 славеше победа против Чилеанецот Жари.
Италијанецот Фоњини беше подобар против сонародникот Сепи со 3-1, а хрватскиот „џин“ Иво Карловиќ по три часа игра со истиот резултат го совлада Шпанецот Фелисијано Лопез.
На останатите досега завршени дуели беа постигнати овие резултати:
Фриц – Томиќ 3-0
Гарсија Лопез – Делбонис 1-3
Нишиока – Мекдоналд 3-2
Нори – Бенхетрит 0-3
Имер – Рола 3-0
Лајовиќ – Монтеиро 3-0
Шарди – Едмунд 2-3
Џонсон – Баутиста Агут 0-3
Давидовиќ – Томсон 0-3
Качанов – Стебе 3-0