Top Sport

Романија со 4-1 ја шокираше Хрватска на Европското У-21 (видео)

Во првиот меч од групата Ц на Европското првенство за играчи до 21 година, селекцијата на Романија со 4-1 славеше над Хрватска.

Романците тргнаа агресивно уште од самиот старт на мечот, па до 16 минута веќе имаа водство од 2-0.

Во 11 минута Георги Пушкаш донесе водство од 1-0, а само 5 минути подоцна Јанис Хаџи ја дуплираше предноста.

Хрватите во 18 минута со убавиот гол на Власиќ намалија на 2-1 што беше резултат на првото полувреме.


Во вториот дел Хрватите напаѓаа, а младите Романци шансата ја чекаа од контра-напад. По една хрешка на хрватската селекција во одбраната, во 66 минута Тудор Балута погоди за 3-1 за Романија.

Потоа Романците заиграа поотворен фудбал и со голот на Адријан Петре во 93 минута ги поставија конечните 4-1 на мечот.
Во истата група сега почнува и вториот меч, меѓу селекциите на Англија и Франција.

Scroll to Top