На легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо и на неговиот брат Роберто де Асис по се изгледа им претстои долг период зад решетки. На површина испливаа докази со кои се потврдува дека тие двајца знаеле дека имаат лашни пасоши, па казната за тоа дело е 6 месеци.
Роналдињо и Роберто минатиот петок стигнаа во Парагвај со лажни патни исправи, поради што беа притворени.
Се бранеа со тврдењето дека не знаеле дека пасошите кои ги добиле од бразилски бизнисмен се лажни.
Сепак, сопругата на бизнисменот проговорила во полицијата, што може двајцата притвореници скапо да ги чини.
Извесна Паула Лири признала дека учествувала во фалсификувањето на пасошите, а таа потвди дека Роналдињо и брат му знаеле за целата акција.
Таа како доказ понудила принтскрин-преписки на „What’s up”.
? #LOMÁSVISTO Estas son las capturas de pantalla de las conversaciones entre Paula, esposa de Wilmondes Sousa Lira y la empresaria Dalia López, en relación a los documentos falsificados que desencadenaron el escándalo. #NPY #NosConecta #CasoRonaldinho pic.twitter.com/t2dt7XQUf9
— NPY Oficial (@npyoficial) March 9, 2020