Top Sport

Роналдо: Бразил се уште не е подготвен за фудбал

Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдо смета дека продолжението на фудбалот во Бразил, по тримесечна пауза поради пандемијата со коронавирусот доаѓа прерано.

„Се противам на враќањето на бразилскиот фудбал со оглед на ситуацијата во која земјата моментно се наоѓа. Бразил ги следи примерите на другите земји во Европа, но не ја зема во предвид пандемијата“ рече Роналдо, пренесуваат шпанските медиуми.

Локалната лига во државата Рио де Жанеиро стана првата државна лига во Бразил која вчера продолжи, а клубовите Флуминенсе и Ботафого се спротивставија на одлуката за враќање на терените.

„Бразил е на врвот на епидемијата и грешка е да се размислува за враќање на фудбалот“ – смета Роналдо.

Scroll to Top