Top Sport

Роналдо го спаси Јуве од пораз во Бергамо, гостински триумф на Лацио кај Болоња (видео)

Кристијано Роналдо влезе од клупата за резерви за да го спаси својот Јувентус од првиот овосезонски пораз во 18 коло во Серија А. Јувентус на гостувањето во Бергамо, кај Аталанта губеше со 2-1, имаше играч помалку по исклучувањето на Бентакур, но Роналдо со својот погодок со глава во 78 минута му донесе реми на торинскиот тим.

Инаку гостите во водство од 0-1 дојдоа уште во втората минута по автоголот на Џимсити, но по погодокот на Запата во 24 минута, на пауза се отиде со 1-1.

Во вториот дел домаќините со вториот гол на Запата поведоа, но Роналдо спречи изненадување.

Во останатите денешни натпревари Болоња на домашен терен беше поразена од Лацио со 0-2 со головите на Луиз Филипе во 30, односна на Лулиќ во 90 минута.

Џенова на нашиот Горан Пандев (остана на клупата за резерви во текот на мечот) беше минимално поразена со 1-0 кај Каљари, стрелец на погодокот беше Фариас во последните моменти од првиот дел.

Фиорентина на „Фриули“ беше непријатно изненадена од Парма, доживеа пораз со 0-1, стрелец на голот беше Инглесе во 45 минута, а во Џенова, Сампдорија славеше рутинирано со 2-0 против фенерџијата Киево.

Scroll to Top