Звучи неверојатно, но е вистинито. Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо се уште нема постигнато гол од слободен удар во дресот на „Старата дама“.
Тој минатото лето стигна во Торино, а во дресот на Јувентус досега дури 24-пати се обидел да постигне гол од слободен удар, но безуспешно. Топката во дури 15 наврати завршила во „живиот ѕид“, двапати го промашил голот, додека противничките голмани во седум наврати успешно одбраниле.
Статистички Роналдо е најлошиот изведувач на слободни удари во Серија А. Во историјата на фудбалот во Италија, само фудбалерот на Фросиноне, Камило Чиано е полош од него. Тој минатата сезона дуре 21-пат шутурал од слободен удар, но без успех.
Во кариерата, Португалецот беше препознатлив по одлично изведените слободни удари.
За Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и селекцијата на Португалија има постигнато низа убави погодоци од прекин.
Во дресот на „Кралевите“ извел дури 450 слободни удари, а постигнал 30 гола.
Многумина сметаат дека Роналдо треба слободните да им ги препушти на Дибала ( 9 гола од слободни) и Пјаниќ (7 гола).