Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо почна со тренинзи по повредата на квалификацискиот дуел а ЕП2020, на селекцијата на Португалија против Србија.
Фудбалскиот ас се подготвува за двомечот на „Старата дама“ со Ајакс во ЛШ, првиот нивни меч е во среда на арената во Амстердам.
Лошата вест за навивачите на Јуве е повредата на Емре Џан, кого го чекаат детални тестови, но сепак мали се шансите тој да биде подготвен за пат за Холандија.
Неодамна во тимот се вратија Сами Кедира, Пауло Дибала, Марио Манџукиќ, леонардо Спиназола и Матија де Шиљо, додека Даглас Коста ќе патува со екипата, но мали се шансите да настапи поради седуммесечното отсуство.