Top Sport

Рожерио Мораеш „Самба“ се прости од Вардар и Македонија (видео)

„Благодарам многу за овие 3 години во Вардар. Благодарам Македонија, довидување“.

Оваа порака стои на крајот на видеото во кое има компилација од најдобрите потези на пивотот на Вардар, Рожерио Мораеш Фереира а Ф4 турнирот во Келн, но и на претходните негови настапи во „црвено-црниот“ дрес.

https://www.instagram.com/p/ByRZuvLHGan/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Популарниот „Самба“ синоќа не беше во Скопје на прославата на титулата, па вака реши да се прости од Вардар, Скопје, Македонија.

Од следната сезона корпулентниот пивот кариерата ја продолжува во Веспрем, тимот кој го торпедираше во финалето во Келн, каде по вторпат се закити со златниот медал на градите.

Scroll to Top