Top Sport

Русинот Павел Атман е новото засилување за европскиот првак, Вардар

Рускиот ракометен репрезентативец, Павел Атман е најновото засилување за европскиот ракометен шампион, Вардар.
Играчот кој во Скопје доаѓа од екипата на Хамбург и во минатото настапуваше во нашиот главен град, но во ривалот на „црвено-црните“, скопски Металург.

Атман изјави дека се е договорено со „црвено – црните“.

„Се надевам дека сè ќе биде позитивно. Разговарав со менаџментот и со тренерот и навистина се надевам дека ќе можам да ја вратам мојата вообичаена форма“ – кратко прокоментира Атман.

Информациите се дека Атман со Вардар ќе потпише двегодишен договор.

Освен за Металург и Хановер, рускиот бек претходно настапуваше и за Волгоград, Динамо Минск, Чеховски Медведи, Ел Јаиш и Мешков Брест.

Scroll to Top