Top Sport

Сакаа прослава „ала Балотели“, ама направија глупост (видео)

Во натпревар меѓу две марокански екипи се случи бламажа откако домашните играчи сакаа да ја ископираат прославата на голот во стилот на Марио Балотели за Марсеј, со селфи на терен.

Домашните фудбалери на тимот на Јусуфија стигнаа во водство во 30 минута, па радоста сакаа да ја прослават во стилот на Балотели. Додека сите собрани покрај аут линијата правеа селфи, гостите, тимот на Мулудиа тргнаа во центарот, и најмногу што можеа домаќините да сторат беше пенал, по кој резултатот беше 1-1.

Се покажа дека тоа беше конечниот резултат на мечот, а глупоста домаќините ги чинеше 2 бода.
https://youtube.com/watch?v=HMCMOIT4e6E

 

Scroll to Top